HomeМинистерстваМП: Министерот Филков оствари средба со претставничката на Детскиот фонд на Обединети...

МП: Министерот Филков оствари средба со претставничката на Детскиот фонд на Обединети Нации – УНИЦЕФ, Лесли Милер

spot_img
spot_img

Се дискутираше за заедничките идни активности, предизвици и можностите за успешна соработка.
Приоритет на заедничка заложба останува целосното остварување на најдобриот интерес на детето согласно Конвенцијата за правата на детето.
Исклучително важно е да се следи имплементација на Законот за правда за децата и да се унапредат капацитетите на сите субјекти во системот за правда за деца во државата. Новиот Закон ја нагласува неопходноста за специјализација на субјектите и во таа насока е потребно да се продолжи со обуките на правните професионалци за третман и заштита децата, жртви или сведоци на насилство и криминал како и  пристапот до ресторативна правда.

Активностите во наредниот период ќе се фокусираат на собирањето на податоци и статистиката согласно Законот за правда за децата , како и поголема ресоцијализација и рехабилитација согласно меѓународните стандарди во оваа област.

Министерството за правда ќе продолжи интензивно да работи во парнерство со УНИЦЕФ во процесот за натамошното зајакнување на системот за правда  на децата со унапредување на законските решенија за правна заштита.

Извор: Министерство за правда

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија