HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски - Ги отвораме институциите, македонските земјоделци ќе имаат полесен пристап...

МЗШВ: Трипуновски – Ги отвораме институциите, македонските земјоделци ќе имаат полесен пристап до Платежната агенција

spot_img
spot_img

Денеска од подрачната единица при МЗШВ во Струмица, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски заедно со Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев најавија дека ќе се продолжи со отворање на подрачни единици во речиси секоја рурална општина за да се биде поблиску до земјоделците.

„Заедно со директорот сакаме да соопштиме до сите земјоделци дека во наредниот период секоја подрачна единица и вработените во подрачните единици на Министерството ќе имаат пристап до базата на податоци на Платежната агенција за да не мора земјоделците да патуваат до Скопје и да проверуваат дали нивната апликација е во ред“, појасни Трипуновски.

Министерот посочи дека во наредниот период ќе се продолжи со отворање на подрачни единици и канцеларии во речиси секоја рурална општина за да Министерството преку подрачните единици биде сериозен сервис на самите земјоделци.

„Веќе од наредната година планираме сериозно да инвестираме во техничкиот капацитет на секоја подрачна едница и да ја зголемиме функционалноста“, изјави Трипуновски.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МП: Итно мислење на Венецијанската комисија за предложениот модел за правосудниот...

0
Владата на денешната седница ја усвои потребата од добивање итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на правосудниот испит. Со овој чекор...