HomeМинистерстваМЕП: Министерот Муртезани на средби со Суперти и Бретел од ДГ НЕАР

МЕП: Министерот Муртезани на средби со Суперти и Бретел од ДГ НЕАР

spot_img
spot_img

Во рамките на првиот ден од дводневната посета на Брисел, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше одделни средби со Валентина Суперти, директорка во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување (DG NEAR), и Сигрид Бретел, раководител на одделението за Северна Македонија и Албанија при ДГ НЕАР.

Во разговорот со Валентина Суперти, акцентот на разговорите беше ставен на напредокот и следните чекори во рамките на Реформската агенда 2024-2027 и Планот за раст на Европската Унија за Западниот Балкан, што претставува значаен исчекор кон економска трансформација на регионот.

Исто така, се разговараше и за подготовките за потпишување на Договорот за инструментот за реформи и раст и Договорот за заем, што ќе ги постави правните основи за спроведување на претходно договорените проекти.
Од особена важност беа и дискусиите за комуникациските стратегии, кои имаат за цел да ја информираат јавноста и бизнис заедницата за придобивките што овој план ги носи, како дел од пошироките европски интегративни процеси.

Министерот Муртезани изрази подготвеност за активно учество на земјата во утврдувањето на нови приоритетни области за соработка, со цел да се зајакнат регионалната безбедност и економскиот развој. Покрај тоа, беа разменети информации за статусот на подготовките на следниот Извештај на Европската комисија за Cеверна Македонија, како дел од пакетот за проширување на ЕУ.

Состаноците исто така ги опфатија и актуелните состојби со скрининг извештаите, кои претставуваат важен индикатор за степенот на усогласеност на Северна Македонија со европските стандарди. Во овој контекст, беше дискутиран и напредокот во реализацијата на патоказите и акциските планови, како неопходен предуслов за понатамошно интегрирање на земјата во европските структури.

Извор: Министерство за европски прашања

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија