HomeМинистерстваМЖСПП: Историска одлука, 34,5 милиони евра за современиот кампус на УМТ

МЖСПП: Историска одлука, 34,5 милиони евра за современиот кампус на УМТ

spot_img
spot_img

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница даде зелено светло за отпочнување на постапките за изградба на Универзитетскиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, капитален проект од 34,5 милиони евра.

Веста на денешната прес-конференција ја соопшти првиот вицепремиер Изет Меџити, кој ја оцени оваа одлука за историска. 

“Донесовме историска одлука за изградбата на Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје во вредност од 34,5 милиони евра, како симбол на нашата визија за посветла иднина на младите и на нашата држава“, рече Меџити, додавајќи дека со децении, генерации сонувале за ваков едукативен центар кој ќе го збогати не само знаењето, туку и духот на цел еден народ, а денес тој сон станува реалност”, рече Меџити.

Меџити рече дека отпочнувањето на процедурите за изградба на овој Универзитетски кампус од страна на новата Влада е повеќе од неопходно и од особено значење, историски чин за создавање на најдобри можни услови за нашите млади и за нивно задржување во татковината.

ПОГЛЕДНЕТЕ??

Првиот вицепремиер Изет Меџити информираше дека на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се запишани речиси 5.000 студенти на прв и втор циклус, а според него овие девојки и момчиња од цела држава одлучиле да ја изградат академската кариера во главниот град, можат да се пофалат со модерен кампус.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија