HomeМинистерстваМЖСПП: Првиот вицепремиер Меџити на средба со словенечкиот амбасадор Прескер

МЖСПП: Првиот вицепремиер Меџити на средба со словенечкиот амбасадор Прескер

spot_img
spot_img

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Грегор Прескер.
 
На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави кои што имаат потпишано Спогодба за развојна соработка помеѓу Владата на  Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија и формирано заедничка Мешовита комисија за билатерална соработка помеѓу двете влади.

Првиот вицепремиер Меџити на средба со словенечкиот амбасадор Прескер


 
Вицепремиерот Меџити истакна дека Словенија за нас е пример во делот на заштитата на природата, инвестирањето во зелена економија и зелениот развој.
 
Амбасадорот Прескер ја потврди подготвеноста на Словенија да ја поддржи нашата држава на патот кон ЕУ интеграцијата и на имплементација на активностите со кои ќе се забрза зелениот развој на државата.

Покрај другото, Меџити и Прескер разговараа и за тековните политички прашања.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

Аеродром: Нов асфалт на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче

0
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде што по повеќе години,...