spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМинистерот за правда Филков оствари средба со министерот за правда на Република...

Министерот за правда Филков оствари средба со министерот за правда на Република Унгарија, Тузсон

Министерот за правда Игор Филков, денеска во Охрид оствари билатерална средба со министерот за правда на Република Унгарија, Бенце Тузсон.

Министерот за правда Игор Филков ја потенцираше важноста на поддршката од Република Унгарија во процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ. Унгарскиот колега, Бенце Тузсон посочи дека нашата држава мора да го следи патоказот во врска со пристапот кон ЕУ и да го забрза процесот на хармонизација на националните закони согласно со легислативата на ЕУ.

Министрите потенцира дека не постојат проблеми во однос на меѓународната правна помош во кривични и граѓански предмети меѓу двете држави.

Од страна на министерот за правда на Република Унгарија беше претставена измената на Унгарската национална легислатива и начинот на кој користат вештачка интелигенција во базата на податоци на закони и подзаконски акти.

Министерот на Република Унгарија Бенце Тузсон го покани министерот за правда Игор Филков во официјална посета на Будимпешта со цел да биде прикажана оваа новина во дигитализацијата на базата на податоци на закони и подзаконски акти.

Извор: Влада

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...