HomeМинистерстваМП: Со Американскиот универзитет на Европа – ФОН потпишаа Меморандум за соработка

МП: Со Американскиот универзитет на Европа – ФОН потпишаа Меморандум за соработка

spot_img
spot_img

 Министерот за правда Игор Филков идиректорката на АУЕ-ФОН, Сезен Цаноска , потпишаа  Меморандум за соработка со кој двете институции се обврзаа заеднички да дејствуваат и соработуваат во интерес на спроведување на истражувачка и аналитичка работа, можности за реализација на стекнување на практични знаења на студентите, како и изготвување на добри законски решенија. На настанот присуствува и ректорот  на универзитетот Саво Ашталкоски и деканот на Факултетот за правни и политички науки, Сејдефа Џафче .

Меморандумот има за цел  овозможување на  едукација, образование, усовршување, оспособување, учење на студентите на универзитетот во повеќе стручни и научни области, како и експертски придонес во рамките на работните групи во рамки на Министерството. 

 Универзитетот ќе дава свој придонес преку истражување и изработка на анализи, и ќе  овозможи и соработка на наставниот кадар од универзитетите и истражувачите со вработените од Министерството за правда. Се овозможува поддршка и пристап на студентите за реализација на пракса, стекнување на практични знаења во рамките на делокругот на работа на Министерството.

Извор: Министерство за правда

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте