HomeМинистерстваМП: Министерот Филков оствари средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата...

МП: Министерот Филков оствари средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Се дискутираше за планираните реформи и проекти во правосудството во насока на владеење на правото . Посебен осврт беше даден на Предлог законот за кривична постапка за што од страна на амбасадорот Вал беше соопштено дека  ОБСЕ финансиски ќе го поддржи преводот .

Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Министерството за правда ќе биде и натаму активно вклучена  во подготовката на Развојната секторска стратегија 2024-2028, како и во работните групи за одредени законски измени.

Соработката и дијалогот во наредниот период ќе се интензивираат со цел да се реализираат планираните реформи во правосудството.

Извор: Министерство за правда

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...