HomeОпштиниАеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

spot_img
spot_img

Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година.

По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднаш формира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката за прием на барања, како предуслов за обесштетување на граѓаните, што ќе се реализира во соработка со Владата и со Градот Скопје.

Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк:

https://shorturl.at/L3rcJ

Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот, во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата.

Кон барањето задолжително да се приложат и следниве документи:

Важечка лична карта или патна исправа (фотокопија);

Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист);

Фотографии од локацијата по претрпената штета;

Записник од МВР за настанатата штета;

Општина Аеродром ги повикува граѓаните навремено да ги поднесат своите барања, со цел постапката за утврдување на штетите да се реализира ефикасно и во најкраток можен рок. Сите поднесени пријави ќе бидат разгледани во согласност со законските процедури.

Извор: Општина Аеродром

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте