Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески го посети ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, каде што во тек се градежни активности за побезбедна, пофункционална и помодерна училишна средина. Се демонтираат застарените дрвени панели од ѕидовите во ходниците, со што училиштето добива посовремен изглед и се подобрува безбедноста на просторот.

Истовремено, се прошируваат училниците за да им се овозможат подобри услови за настава на учениците и наставниот кадар.
За првпат се уредува и современ кабинет по информатика и технологија, што ќе им овозможи на учениците да стекнуваат знаења во услови што ги следат современите образовни стандарди. Исто така, целосно се модернизира и обезбедува влезот во училишната кујна.

Образованието останува еден од нашите најважни приоритети. Продолжуваме да инвестираме во училиштата, затоа што секое дете заслужува безбедно, современо и инспиративно место за учење.

Извор: Општина Аеродром























