HomeМинистерстваМЗ: Со поддршка од СЗО успешно реализирани низа проекти во здравството

МЗ: Со поддршка од СЗО успешно реализирани низа проекти во здравството

spot_img
spot_img

На денешниот онлајн состанок на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари со д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, беше потенцирана одличната соработка со Светската здравствена оранизација.

– Изразувам посебна благодарност за низа проекти реализирани со поддршка на СЗО во јавните здравствени установи низ државата. Благодарност за работата и на колегите од СЗО во Скопје, предводени од д -р Аким Али, шеф на канцеларијата.

Како резултат на досегашната поддршка, изминатиот период заеднички извршивме промена на позитивната листа на лекови, со што направивме огромен исчекор во унапредувањето на здравствената заштита, посочи Таравари во своето обраќање.

Во периодот што следи посебно сме фокусирани на изготвување Стратегија за соработка за периодот 2026-2030, како и на активностите за контрола на тутунот и заштита на животната средина и здравјето.

Извор: Министерство за здравство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте