HomeМинистерстваМЕП: Македонската перспектива и напредок на државата, тема на разговор меѓу Трајков...

МЕП: Македонската перспектива и напредок на државата, тема на разговор меѓу Трајков и Беатрис Горавачи од фондацијата Конрад Аденауер

spot_img
spot_img

Заменик министерка за европски прашања Викторија Трајков за време на посетата во Брисел се сретна со Беатрис Гораванчи, новата директорка на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Брисел.

„Разговаравме за македонската европерспектива и предизвиците со кои се соочуваме, напредокот на државата во однос на Реформската агенда од Планот за раст, изјави Трајков. 

Заменик министерката за европски прашања  упати огромна благодарност за досегашната соработка со фондацијата која е на одлично ниво и е од особено значење за нас како земја, размената на искуства и знаење во престојниот период.

„Заеднички се согласивме дека интензивирањето на соработката е клучно за напредокот на Македонија во интегративните процеси, потенцираше Трајков, по завршување на состанокот.

Извор: Министерство за европски прашања

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте