spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedДемир Хисар: Соработка со Здружението Викимедија МКД

Демир Хисар: Соработка со Здружението Викимедија МКД

Локалниот економско-социјален совет во рамки на Општината, ја покажува во континуитет и на дело плодната кооперативност и стапи во контакт со Здружението Викимедија МКД.

Како резултат на успешно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Општина Демир Хисар и Викимедија МКД, после остварената средба во месец септември на градоначалникот Никола Најдовски и извршниот директор на Викимедија МКД, Снежана Штрковска, ќе се отпочне со спроведување на активности во т.н. втора фаза од дефинираните цели и одредби кои, всушност, поздразбираат иницијативи за заеднички работилници на разни теми.

Овој Меморандум ги потврдува заложбите на двете организации да соработуваат заедно, а поконкретно Општина Демир Хисар со својот потенцијал да помогне на Викимедија МКД при достигнување на своите зацртани цели – бесплатен пристап до слободни содржини и знаење; преку културни, научни, историски, музејски и општествено-политички материјали.

Општина Демир Хисар ќе даде значајна помош и поддршка за остварување на целите на организацијата, а тоа се потврдува преку активно вклучување на четворица ученици од ООУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар кои ќе бидат ангажирани на тродневен Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за време на викендот 11-13 октомври, 2024 година, и е посветен тематски за „Климатски промени“.

Проектот е во организација на Здружението „Викимедија МКД“. Годинава Викикампот се одржува во хотел „Бисер“, Струга. Викикампот опфаќа ученици од различна возраст и од различни училишта од Македонија. 

Веб страна на ВИКИМЕДИЈА МКДhttps://wikimedia.mk/mk/

Извор: Општина Демир Хисар

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...