HomeМинистерстваМОН: Со Македонската банкарска асоцијација ќе се работи на унапредување на финансиската...

МОН: Со Македонската банкарска асоцијација ќе се работи на унапредување на финансиската едукација на учениците

spot_img
spot_img

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска оствари средба со Милена Перчинкова, извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација, и д-р Беркан Имери, член на Комитетот за едукација при МБА, на која се дискутираше за продлабочување на соработката за унапредување на образованието за финансиска писменост на учениците.

Министерката Јаневска изрази задоволство што Македонската банкарска асоцијација изразува интерес за учество во процесот на креирање на новите наставни програми во основното образование, како и за спроведување на повеќе активности за афирмација на финансиската едукација меѓу младите.

Двете страни се согласни дека колку повеќе младите се едуцираат во областа на финансиите и економијата, толку поуспешна ќе биде нивната финансиска иднина.

Извор: Министерство за образование и наука

 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте