HomeМинистерстваМОН: Средба на министерката Јаневска со холандската амбасадорка Џанел

МОН: Средба на министерката Јаневска со холандската амбасадорка Џанел

spot_img
spot_img

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Скопје, Н.Е. Узлем Џанел на која се дискутираше за можностите за воспоставување на формална соработка во областа на образованието помеѓу двете земји.

Соговорниците се согласија дека двете држави имаат што да споделат меѓусебно, особено во делот на дигитализацијата и дека размената на искуства секогаш придонесува за подобрување на одредени аспекти на квалитетот на воспитно – образовните системи.

За време на средбата, министерката Јаневска се осврна и на тековните активности на министерството, но и на планираните во иднина со кои ќе се подигнува квалитетот на образованието на сите нивоа, особено осврнувајќи се на високото.

Извор: Министерство за образование и наука

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте