spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМТ: Договорот со Транспортната заедница е чекор поблиску до членството во ЕУ

МТ: Договорот со Транспортната заедница е чекор поблиску до членството во ЕУ

Заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек.

На средбата се разговараше за имплементација на Договорот за транспортна заедница која ја опфаќа и Македонија и со кој се усогласува домашното законодавство во делот на транспортната политика со законодавството на ЕУ.


На средбата Заменик министерката потенцираше дека имплементацијата на овој договор ќе ги олесни преговорите и скрининг процесот како земја кандидатка за ЕУ.

Исто така се разговараше и за реализација на капиталните проекти со поддршка на ЕУ.  

“ Како земја членка, активно учествуваме во работата на телата на Транспортната заедница креирајќи политики и проекти за подобрување на транспортот, како на национално така и на регионално ниво. Задоволни сме од исходот на ревизијата на ТЕН-Т мрежата, во која, освен Коридорот 10, и Коридорот 8 стана дел од Проширената главна мрежа и се надеваме дека земјава ќе ги реализира проектите долж двата коридора во согласност со роковите за нивно комплетирање , истакна Заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири.

Двете страни потенцираа дека постои огромна можност за соработка и поддршка од страна на Транспортната заедница  кон процесот на пристапување кон ЕУ.

Извор: Министерство за транспорт

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...