spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Со законски измени се уреди бесплатниот пристап на новинарите до податоците...

МФ: Со законски измени се уреди бесплатниот пристап на новинарите до податоците на Централниот регистар

Бесплатниот пристап на новинарите до податоците на Централниот регистар, коишто се однесуваат на Регистарот на годишни сметки, Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица се уреди со измените и дополнувањата на Законот за Централен регистар, кои беа усвоени во Собранието.

Целта на измените, како што беше образложено, е во насока на поддршка и поттикнување на новинарските истражувања.

Со усвоениот Предлог е извршено и усогласување на Законот за Централен регистар со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Централниот регистар претставува централна информативна база на податоци коишто се внесуваат, електронски се обработуваат, обединуваат, селектираат, чуваат и се достапни до заинтересираните корисници.

Имено, со Законот за Централен регистар се уредува основањето, организацијата и делокругот на работа на Централниот регистар, односите помеѓу овој регистар и другите основни регистри и нивните корисници, односите со други правни субјекти, како и внесувањето, обработката, чувањето и дистрибуирањето на релевантните податоци од Централниот регистар до корисниците на тие податоци.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...