1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во општина Јегуновце?
Во општинската администрација на општина Јегуновце се направија суштински реформи со пополнување на битните работни позиции за поефикасно работење на администрацијата а во интерес на сите граѓани.
Се ажуира постоечката база на данок на имот.
За прв пат во Општина Јегуновце се потпиша колективен договор со кој се позаштитени административните службеници.
2. Што се предвидува и следува со Колективниот договор во општина Јегуновце, какви идеи и проекти имате за подобрување на работните услови за вработени?
Со потпишување на колективниот договор се предвидува регрес за секој вработен административен службеник, предвидено е покачување на коефициентот на плата утврден со колективниот договор и јубилејна награда.
3. Дали ќе воведете Награда за Најдобар административен службеник и Најдобар млад административен службеник во тековната година?
До сега немало таква практика во општина Јегуновце, но во иднина ќе се потрудиме и ќе работиме на тоа да се изнајде законско решение да секој административен службеник има поголема мотивација.
4. Како и дали треба да се направи реорганизација во општина Јегуновце,кои се вашите мерки и идеи?
Во општина Јегуновце има направено реорганизација за пофункционална и поефикасна администрација.
5. Дали и на кој начин ќе ја поттикнете спортската и хуманата страна на вработените во општина Јегуновце?
Да во општина Јегуновце ќе ја поттикнеме спортската и хуманата страна преку учество во синдикални игри на административните службеници.
6. Кои се вашите клучни проекти што ги направивте во досегашниот мандат како градоначалник?
Во досегашниот мандат како Градоначалник на Општина Јегуновце реализирав значајни проекти како:
Изградба и пуштен во употреба водоснабдителен систем за населените места: Ратае, Жилче и Шемшово;
Изградба и пуштена во употреба фекална канализација во населените места: Жилче и Ратае;
Крак во населено место Сиричино;
Регулација и чистење на речното корито на река Вардар во должина од 8,5км кое ги опфати населените места: Туденце, Копанце, Раотинце и Јегуновце;
Пуштена е во употреба градинка во населено место Прељубиште и во постапка е отворање на уште една градинка во населено место Вратница;
Поставени се топлотни пумпи за греење во истите градинки;
Целосно се Реконструирани неколку подрачни училишта и во истите се инсталирани енергетско ефикасни топлотни пумпи;
Изградени се 10 модерни забавни паркови за деца со реквизити за играње;
Поставени се справи за вежбање на младите во населените места на Општина Јегуновце;
Асвалтирани се поголем број на локални улици во повеќе населени места во општина Јегуновце;
Направени се модерни тротоари покрај улиците во неколку населени места и истите се осветлени со кандилабри;
Поплочени со бекатон плочки се повеќе улици во сите населени места на територија на општина Јегуновце.
7. Дали ќе имате партиски реваншизам и отпуштање на административните службеници и вработените во општина Јегуновце по основ на политичка партија и на кој начин ќе гарантирате дека нема да се случи ?
Не, до сега од кога сум избран за Градоначалник на Општина Јегуновце не сум имал реваншизам по партиски основ и ви гарантирам со сигурност дека тоа нема да се случи ниту во иднина.
8. Дали ќе им дадете вистинско значење, дејствување и положба на синдикатот во општина Јегуновце за унапредување и заштита на работничките права?
Јас како Градоначалник доаѓам од редот на администрацијата и секогаш сум им давал вистинско значење и во иднина истото ќе го правам и ќе ги подржувам вработените во општина Јегуновце за подобрување на правата и условите со цел истите да бидат поефикасни и задоволни.
9. Дали ќе овозможите едукација и усовршување на административните службеници и вработените во општина Јегуновце преку размена на проекти програми и семинари и доколку е ДА на кој начин?
Да, ќе овозможиме едукација и усовршување на административните службеници и вработените во општина Јегуновце преку обуки и семинари.
10. Колку капитални проекти предивидувате, колку домашни и странски инвестиции ќе донесете и колку нови работни места ќе отворите во општина Јегуновце?
Предвидуваме преку 20 капитални проекти во сите населени места на територија на општина Јегуновце, работиме на тоа да донесеме максимум домашни и странски инвестиции а со тоа да отвориме повеќе работни места со цел да ги задржиме нашите граѓани особено малите.
Извор: Javnaadministracija.mk