Градоначалникот Стефковски од трибините на Вараждин за Javnaadministracija.mk: Нека се радува Македонија
Денеска репрезентацијата на Македонија го одигра натпреварот против Катар на Светското првенство во ракомет.
На трибините можеше да се забележи претседателот на Ракометната федерација на Македонија Живко Мукаетов во друштво на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.
Редакцијата на Javnaadministracija.mk го контактираше градоначалникот Стефковски кој истакна дека вечерва Македонија треба да се радува.
Нека се радува Македонија, бидејќи е гордост да се навива за Македонија. Среќен сум што дојдов и имав чест да ги бодрам нашите ракометари од трибините заедно со претседателот на РФМ Живко Мукаетов. Потребна е голема поддршка за нашите ракометари за саботниот натпревар против Франција. Останувам тука до сабота, бидејќи ракометарите ја заслужуваат нашата поддршка поради нивната борба на теренот – изјави Стефковски.
Македонија ја очекува нов предизвик во сабота кога ќе се соочи со екипата на Франција.
Извор: Javnaadministracija.mk