„Иуте“ веќе деветта година успешно и стабилно опстојува на домашниот пазар, додека во компанијата има сѐ повеќе вработени кои се дел од „Иуте“ клубот 5 – со повеќе од 5 години работно искуство. Еден од нив е Никола Илиќ, од неодамна обучувач за корисничко искуство и одличен пример како индивидуалниот раст и напредок оди во иста линија со растот на компанијата.
Никола ни раскажува за неговото долгогодишно патешествие, од советник во експозитура до раководител, а како што напоменавме, од неодамна е задолжен за подобрување на перформансите и едукацијата на тимот кој е во прв ред и секојдневна комуникација со клиентите.
Гледајќи наназад пет години и од денешна перспектива, колку ти помогна постепеното напредување во твојата кариера да стигнеш до тоа што си денес?
Постепеното изучување на сите процеси ми овозможи да ги подобрам моите вештини во повеќе полиња, на тој начин стекнувајќи непроценливо искуство и самодоверба да се соочувам со поголеми предизвици. Од месец на месец, година на година, станував сѐ поубедлив во знаењето и лидерските способности, што резултира да станам поефикасен и целосно стратешки ориентиран. Особено ми помогна да се пронајдам онаму каде што сум најпродуктивен, за себе и за компанијата.
Секако, едно е индивидуалниот стремеж и раст, друго е кога имате ментори и колеги што се тука да ви дадат ветер во грб и да ви отворат хоризонти кои не сте ни знаеле дека постојат. Многу често сум бил сведок на целосна професионална трансформација кај колегите, кои буквално од финансии преминувале во продажба или слично. Многу е битно да се има тим кој ве следи и анализира, знае да открие ваш скриен потенцијал и талент и да ве стимулира да работите на тоа. Можеби и тоа е дел од причината поради која во „Иуте“ голем дел од колегите „трчаат“ на долги патеки. Задоволството, надградбата и искористувањето на потенцијалот се клучни за постигнување добри резултати, со други зборови, вработени кои во компанијата и тимот гледаат долгогодишен партнер за професионален развој.
Работата со клиенти е секогаш особено осетлива работа и бара посебен пристап, како се справувате со секојдневните предизвици во комуникација со клиентите?
Колегите и тимот кои се во првите борбени редови со клиентите секојдневно се соочуваат со различни предизвици. Она што јас го правам и им го давам како совет е активното слушање и јасна концизна комуникација. Така првично и најдобро можеме да ги разбереме нивните потреби, и автоматски да им понудиме подобри и поефективни решенија на нивните барања и проблеми. Секогаш се стремам да поставам реални очекувања и да обезбедам навремени и квалитетни решенија, нашата цел и како сектор и како компанија е градење релации од доверба на долги патеки, тоа е процес што бара многу време, посветеност и енергија, но и експертиза. И кога велиме успех, не го толкуваме тоа низ призмата на бројки, туку колку наши клиенти повторно се вратиле и со години се дел од нашата база. Истото се однесува и на партнери со кои соработуваме. Тие го препознаваат нашиот пристап, но пред сѐ нашите принципи, вредности и етичко работење.
Одделот за корисничко искуство во „Иуте“ веќе одамна ги црпи најновите трендови, иновации и технологија од мајката компанија од Естонија, колку тоа ви ги олеснува секојдневните процеси на комуникација со клиентите?
Присуството на најновите трендови, иновации и технологии од мајката компанија во Естонија значително ја олеснува нашата работа. Со воведувањето нови сегменти за ризик и модели на работење, како и напредни системи за процена на ризици, имаме можност да ги предвидиме начинот и редовноста/нередовноста на уплатите и со тоа да обезбедиме поефикасни решенија. Машинското учење ни овозможува автоматизација на дел од процесите, што значително ги забрзува комуникацијата и решавањето проблеми, а истовремено ги намалува човечките грешки.
Овие иновации значително го олеснуваат и работењето на тимот. Напредните алатки и автоматизирани системи ни го ослободуваат времето, што ни овозможува да се фокусираме на стратешки задачи и на создавање персонализирани решенија за клиентите, помагајќи ни да ги разбереме потрошувачите и да ги приспособиме нашите услуги според нивните уникатни потреби. Со овие технологии тимот има поголема ефикасност и прецизност во работењето, што директно влијае врз зголеменото задоволство на клиентите и долгорочната соработка со нас.
Неспорно е дека процесот на континуирано учење и надградба е клучот за успех во секоја компанија, доколку добро се постави. Како го вадите максимумот од тимот за да добиете и задоволни, но и добро едукациски потковани вработени?
Како сектор, ние се фокусираме на редовно обезбедување тренинзи и едукација кои се приспособени на потребите на вработените и на најновите трендови во индустријата. Кога се создава средина во која вработените се мотивирани да учат и да растат, тоа не само што ги задоволува нив, туку и го подобрува целокупниот успех на компанијата.
Како обучувач, се трудам да ја пренесам важноста на континуираното учење и да ги поттикнувам вработените да го искористат секој можен момент за личен и професионален развој. Од клучно значење е да создадеме баланс помеѓу обезбедувањето теоретско знаење и практични вештини, што резултира со едуцирани и задоволни вработени кои се подготвени да се соочат со нови предизвици и да придонесат за растот на компанијата. Исто така, многу е битна тимската сплотеност и дух. Поттикнуваме отворена комуникација, соработка, како и тим-билдинзи и дружења, што ја зајакнува довербата и позитивната атмосфера. Овие активности создаваат силен тимски дух, што е основа за успех и долгорочен раст на компанијата.
На што си особено горд, навраќајќи се наназад, од пред 5 години досега?
Горд сум на напредокот што сум го постигнал во развојот на моите способности. Успеав да го подобрам моето разбирање на бизнис-процесите и стратегиите, што ми овозможи да донесувам поинформирани и ефикасни одлуки.
Но, најмногу од сѐ, горд сум што успеав да изградам доверба кај тимот и да ги упатувам и советувам со успех низ различни предизвици.
Создадовме култура на поддршка и соработка во тимот, што директно влијаеше и врз нашите резултати. Овие искуства ме научија како да се справувам со предизвици, да водам со пример и да ги мотивирам луѓето околу мене. Тоа не само што ми помогна да постигнам значителен напредок во мојата професионална кариера, туку и на колегите и тимот, успехот на секој од нас е успех за тимот и за целата компанија. Само со такво колективно и емпатично размислување можат да се остварат и индивидуалните и компаниските цели.
Извор: Иуте Македонија