HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Прва работна средба на Советот за даночна усогласеност

УЈП: Прва работна средба на Советот за даночна усогласеност

Во просториите на Контакт центар во Управата за јавни приходи, на 11.02.2025 година се одржа првата работна средба на Советот за даночна усогласеност.

Присутните членови од УЈП, даночни консултанти, советници, сметководители и др., во една позитивна работна околина ги презентираа и дискутираа за прашања од областа на данокот на добивка кои се актуелни сега кога течат роковите за пресметување и пријавување на даночната обврска за данокот на добивка за 2024 година. Од дискусиите произлегоа предлози за поедноставување на процесите за пријавување, кои би биле во корист на даночните обврзници од една страна и Управата за јавни приходи од друга страна, но и се покренаа прашања за понатамошно разгледување.

Претставниците од УЈП информираа за воведената новина во работењето – Независно тело за разгледување на приговорите по записници од инспекциска контрола, кое прашање исто така предизвика интерес и отвори дискусија меѓу присутните.

На крајот, директорката на УЈП м-р Елена Петрова информираше за реализацијата на планот за наплата на даночни приходи, истакнувајќи дека тоа е главната цел и резултат од заедничките напори и на даночните обврзници и на УЈП, и дека е важно секогаш отворено да се споделат информациите за сите состојби и трендови во бизнисот кои имаат влијание врз наплатата на даночните приходи. 

Транспарентноста и градењето на партнерски однос со даночните обврзници – останува во фокусот на Управата за јавни приходи!

Извор: Управа за Јавни Приходи

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...