HomeОпштиниИлинден: Обновен возниот парк на ЈКП „Илинден“

Илинден: Обновен возниот парк на ЈКП „Илинден“

spot_img
spot_img

Денес во Општина Илинден беше промовирано ново специјално комунално возилно – подигнувач на контејнери со капацитет од 5.5м3. Возниот парк постојано се оновува, ова е шесто комунално возило набавено во изминатиот период заедно со градежна машина, багер. Општината континуирано ги подобрува комуналните услуги и го зголемува возниот парк на претпријатието.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денес, по разгледување на возилото, истакна дека приоритет за работење на локалната самоуправа е токму подобрување на услугите што таа ги нуди. Со набавка на нови комунални возила, освен што ќе се подобри квалитетот на услугите што ги извршува ЈКП „Илинден“, туку и ќе се обнови и зголеми самиот возен парк.

Градоначалникот, исто така, додаде дека со оваа набавка, ќе се овозможи вработените во ЈКП „Илинден“ подобро и поефикасно да ги извршуваат своите работни должности.

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

АХВ: Запленети и уништени 1 тон пилешки желудник и 55 килограми...

0
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што запленети и уништени...