HomeМинистерстваМЗ: Клековски ја посети најголемата клиника по неонатологија во Бугарија - Размената...

МЗ: Клековски ја посети најголемата клиника по неонатологија во Бугарија – Размената на знаења и добри практики е пат до подобра грижа за мајките и новороденчињата

spot_img
spot_img

Министерот за здравство, Сашо Клековски, по потпишувањето на планот за соработка, заедно со министерката Катја Ивкова ја посетија Универзитетската акушерско-гинеколошка клиника „Мајчин дом“.

Директорот на Клиниката, проф. д-р Иван Костов, ги запозна со работата на оваа клиника, која е најголемата во Бугарија: околу 4.000 раѓања и околу 10.000 гинеколошки интервенции годишно, најголем оддел за предвремено родени бебиња и десет операциски сали.

На средбата беше разговарано за: пренатална дијагностика и неонатален скрининг, урогинекологија, роботска гинеколошка хирургија и онкогинекологија и беа разгледани можностите за соработка и размена во неонатологијата и роботската хирургија. 

Извор: Министерство за Здравство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МЗ: Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Mакедонија...

0
Министерот за здравство, Сашо Клековски, и министерката за здравство на Република Бугарија, Катја Ивкова, во Софија потпишаа План за соработка меѓу Министерството за здравство...