Од 12 до 14 март 2025 година, во хотел „Романтик“, Велес, се одржа обука за:
- ментори на волонтери во волонтерски проекти
- тренери за млади во солидарни проекти
Обуката беше реализирана во рамките на годишната програма на НАЕОПМ за поддршка на корисниците на грант преку програмата Европски солидарен корпус.

На оваа обука учество земаа вкупно 23 ментори и тренери на волонтери/млади кои преку специфични тематски сесии водени од тренер имаа можност да добијат специфични информации за менторството во програмата Европски солидарен корпус и улогата на тренери во солидарни проекти.
Главната цел на обуката беше да се зајакнат капацитетите и да се унапредат вештините на менторите и тренерите кои секојдневно работат со волонтери и млади во локалната средина во рамките на програмата Европски солидарен корпус. На овој начин, учесниците се стекнаа со соодветни вештини, ги утврдија минималните услови што треба да ги исполнуваат, но и создадоа база на ментори.

Ова е трета обука по ред која на годишно ниво ја организира Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и има за цел создавање на база на ментори и трнери во ЕСК.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
































