HomeМинистерстваМЕТ: Дурмиши од Тетово - Невработеноста не е статистика – туку рана...

МЕТ: Дурмиши од Тетово – Невработеноста не е статистика – туку рана што ќе ја лекуваме со конкретна работа

spot_img
spot_img

Министерот за економија и труд, г. Бесар Дурмиши, учествуваше на панел-дискусија во Тетово на тема „Кризата на невработеноста кај младите – Што нè држи назад?“, каде што им се обрати на младите со емотивен и силен говор.

„Невработеноста не е само недостаток на работа – таа е недостаток на перспектива и чувство на неправда. А тоа не е ваша вина – туку последица на систем кој со години ве држеше надвор од плановите,“ истакна министерот Дурмиши. 

Како тетовец кој е пораснат во овој град и ги познава реалностите на младите одблизу, министерот истакна дека ангажманот на Владата нема да остане само на зборови, туку ќе се претвори во конкретни мерки за вработување и самовработување. 

Во тој контекст, тој го претстави државниот програм за самовработување, кој овозможува:

* финансиска поддршка за млади со бизнис идеи,

* персонализиран менторинг,

* административни олеснувања за започнување на економска активност.

„Вие не сте проблемот. Вие сте решението. Оваа држава не се гради од оние што заминуваат – туку од оние што избираат да останат и да се борат. А јас ќе бидам гарант дека оваа држава ќе ја смени својата насока кон вас.“ 

Тој меѓудругото повика на темелна промена на институционалниот пристап кон младите и најави дека економската и работната политика ќе се фокусира на потенцијалот – а не на бирократијата.

Извор: Министерство за економија и труд

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте