HomeМинистерстваМЈА: Претставници учествуваат на обука за управување со човечки ресурси и...

МЈА: Претставници учествуваат на обука за управување со човечки ресурси и оценување на перформанси во јавната администрација

spot_img
spot_img

Претставници од Министерството за јавна администрација на Република Македонија учествуваат на специјализирана обука на тема „Управување со човечки ресурси и оценување на перформанси во јавната администрација“, која се одржува во просториите на Регионалната администрација на Aпулија, Бари, Италија.

Оваа обука се организира од страна на Регионалното училиште за јавна администрација РеСПА а во соработка со Департманот за јавна администрација и Националната школа за администрација (SNA) на Италија, каде учесници се носители на политики на повисоко ниво од јавните служби, министерствата за јавна администрација и институциите за обука на јавната администрација од земјите на Западен Балкан.

Програмата на обуката опфаќа теми како што се новата директива за обука од италијанскиот министер за јавна администрација, алатки за управување со човечки ресурси, рамки за компетенции и нивна проценка, системи за оценување на индивидуални и организациски перформанси, иновативни политики за привлекување и задржување на млади кадри, како и користење на вештачка интелигенција во обуката на јавната администрација.

Учеството на претставниците од Министерството за јавна администрација на вакви регионални и европски иницијативи претставува континуиран напор за унапредување на административните капацитети, размена на добри практики и имплементација на современи пристапи во управувањето со човечки ресурси.

Извор: Министерство за Jaвна Администрација

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте