Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, оствари средба со Арно Дофен, директор на Француската агенција за развој (AFD), и Франсоа Винс, заменик-директор на регионалната канцеларија.
На средбата се разговараше за:
– Придонесот на француската експертиза во ИПА 2025-2027 и идните ИПА проекти;
– Напредокот на проектите PEEB COOL за енергетска ефикасност и проектот за модернизација на водоснабдувањето и канализацијата во Скопје;
– Поддршка за спроведување на Реформската агенда од Планот за раст за Западен Балкан.
Француската агенција за развој активно работи на подобрување на енергетската ефикасност, одржливото управување со водните ресурси и економската конвергенција со ЕУ, што директно ќе придонесе за подобар квалитет на живот на граѓаните.
































