HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Засилена поддршка за поднесување на ДДВ – 04 ПРИЈАВИ

УЈП: Засилена поддршка за поднесување на ДДВ – 04 ПРИЈАВИ

Една од главните цели на Управата за јавни приходи е активно да ги следи и соодветно да одговара на потребите и барањата на даночните обврзници и сметководителите и во соработка со даночните службеници ефикасно и професионално да ги управува даночните процеси во служба на граѓаните и компаниите.

Управата за јавни приходи како одговор на барањата на сметководителите и даночните обврзници презема активности со цел обезбедување на поддршка за брзо решавање на технички и административни прашања при користење на системот за е-Даночни услуги, како поддршка во процесот на поднесување на ДДВ-04 пријавите. Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој даночен период, ИТ тимовите на УЈП ќе работат и во попладневните часови.

Процесот на поднесување на ДДВ – 04 пријавите се одвива непречено и заклучно со 22 април 2025 година од очекуваните 40.885, вкупно 12.202 даночни обврзници поднеле ДДВ-04 пријави, што претставува близу 30% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ-04 пријави.

Апелираме даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ-04 пријави за овој даночен период, а сèуште не ги поднеле истите, уште денес да ја достават потребната документација до сметководителите со цел до законскиот рок 25 април 2025 година (петок) да ги исполнат своите даночни обврски.

Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавите не е само законска обврска, туку и клучен фактор за финансиска стабилност и градење на довербата во институциите.

Сметководителите и даночните обврзници кои ќе имаат потреба од помош или поддршка можат да се обратат на:

e-Пошта: info@ujp.gov.mk
Бесплатниот телефонски број: 0800 33 000 / мобилен: (02) 3253 200

Лица за обезбедување на корисничка поддршка:

Извор: Управа за Јавни Приходи

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...