Почитуван претседател на RUMELISIAD, г-дин Мурат Евке
Почесен конзул на Северна Македонија во Бурса, г-дин Халил Беџети
Амбасадорот на Република Турција во Скопје, г-дин Фатих Улусој
Прв заменик претседател на Владата на Северна Македонија, г-дин Изет Меџити
Заменик претседател на Владата на Северна Македонија, г-дин Александар Николовски
Почитувани министри, пратеници, лидери на политички партии и почитувани бизнисмени
“Hepiniz Hoshgeldiniz”
Денеска имам чест да ви се обратам во име на министерот за економија и труд на Северна Македонија, г-дин Бесар Дурмиши. Поради планирана програма во странство, нашиот министер денеска не можеше да биде тука со нас.
Билатералните односи меѓу Северна Македонија и Република Турција отсекогаш се засновале на нашето пријателство.
Од економска перспектива, Република Турција ја смета Северна Македонија за една од приоритетните земји за инвестирање и во тој контекст нашите трговски односи ја надминаа вредноста од неколку милијарди евра. Секојдневно работиме за ова соработка уште повеќе да ја прошириме.

Република Северна Македонија е одличен избор за деловната активност од повеќе причини:
– Предност од стратешката географска позиција, наоѓајќи се на крстосницата на 2 главни европски транспортни коридори;
– Високо либерализирана политика за надворешна трговија и има потпишано голем број на билатерални договори кои им овозможуваат на локалните производители слободен пристап до Европската унија и другите пазари, со што Северна Македонија ја прави конкурентна за раст на производството и извозот;
– Стабилно монетарно опкружување со една од најниските стапки на инфлација во регионот и стабилна валута;
– Поволен даночен пакет со една од најниските стапки на данок на добивка во светот; покрај тоа, Северна Македонија има неколку слободни технолошко – индустриски развојни зони кои нудат: 10 години даночно ослободување на данок на добивка, персонален данок на доход, ДДВ, царинските давачки и други;
– Високо квалификувана работна сила и е една од најконкурентните земји во ЈИЕ во однос на трошоци за работна сила во Европа;
– Отвореност на Владата за инвеститори и
– Членка на НАТО и земја кандидат за ЕУ,
– Висока стапка на дигитални алатки во деловното работење,
– БРЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КОМПАНИИ Едношалтерски систем за регистрација на компанија во рок од 4 часа.
-Клучни индустрии за инвестирање:
Северна Македонија е идеална локација за корпорациите кои бараат да започнат или да ги преместат деловните активности посебно за следните индустрии.
– Машини и автомобилски компоненти
– ИКТ
– Агробизнис и преработка на храна
– Текстил и облека
– Енергетика
– Фармацевтска индустрија
Странските директни инвестиции во РСМ од Р.Турција во 2023 изнесуваат 715,26 милиони евра. ( Извор: НБРМ)
Во 2024 година реализирани се 137 милиони евра странски директни инвестиции од Турција. (извор: МФ, НБРМ).
Забележливо е значително интензивирање на деловната и образовната соработка меѓу овие две земји, кои воопшто не се туѓи една на друга, туку, напротив, имаат долго заедничко минато. Токму таа историска блискост веројатно во голема мера придонесува за продлабочување на меѓусебните односи и при одлучување каде да се студира, да се најде работа или да се прошири бизнисот.
Според податоците, пак, од Централниот регистар, вкупниот број на правни субјекти регистрирани во Македонија во март 2024 година во кои како основачи се јавуваат правни и физички лица од Турција изнесува 1.932.
Како најчести инвеститори се компании од секторите земјоделство, градежништво и градежни материјали, текстил, храна, трговија, банкарство, здравство, образование, туризам и хотелиерство, воздушен транспорт, воена индустрија, енергетика, преработувачка индустрија и фармација.
За крај сакам да Ви посакувам успешна соработка на овој за нас многу вреден форум.
Ви благодарам на сите за учеството и организирањето на оваа важна програма.
Како министерство за економија и труд на Северна Македонија, сакаме да нагласиме дека сме подготвени да дадеме свој придонес во секоја задача што ни следува.
Извор: Министерство за економија
































