HomeСамостојни органиАФПЗРР: Нови јавни повици за модернизација на земјоделските стопанства

АФПЗРР: Нови јавни повици за модернизација на земјоделските стопанства

spot_img
spot_img

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави 3 јавни повици за мерка 121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година и тоа за:

–           Инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем;

–           Инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем;

–           Набавка на машини за разбивање на мраз;

–           Набавка на системи против замрзнување;

–           Заштитни мрежи и заштитени фолии;

–           Набавка на опрема за систем за наводнување-капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површина вода;

–           Инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларник за заштита од дивеч и

–           Набавка на приклучна земјоделска механизација.

Финансиската поддршка е до 600.000 денари по поединечен корисник.

Краен рок за поднесување на барањата до Агенцијата за финанансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е 11.07.2025 година

Упатството за корисниците и потребните документи за поднесување на барање може да се подигне на веб страната на Агенцијата. 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте