HomeМинистерстваМДТ: ЈАВЕН ПОВИК за кофинансирање на Европски дигитален иновациски хаб (ЕДИХ) -...

МДТ: ЈАВЕН ПОВИК за кофинансирање на Европски дигитален иновациски хаб (ЕДИХ) – Програма „Дигитална Европа“

Министерството за дигитална трансформација објавува Јавен повик за национално кофинансирање на Европски дигитален иновациски хаб (ЕДИХ), избран во рамки на Програмата „Дигитална Европа“.

Целта на овој повик е да се обезбеди финансиска поддршка за спроведување на активностите на ЕДИХ, со цел поттикнување на дигиталната трансформација на малите и средни претпријатија (МСП), јавниот сектор и други релевантни корисници на национално и регионално ниво.

Право на учество

Право на учество имаат конзорциуми предводени од организации избрани од Европската комисија за воспоставување на ЕДИХ во Република Северна Македонија, во рамки на повиците од Програмата „Дигитална Европа“.

Вкупен буџет

Вкупниот износ на кофинансирање предвиден со овој јавен повик изнесува: 5,000,000.00 МКД.

Дозволени трошоци

Средствата од кофинансирањето може да се користат за:

  • трошоци за човечки ресурси и експертски ангажмани за потребите на ЕДИХ, МДТ или МСП,
  • набавка на опрема и инфраструктура поврзана со дигитални технологии,
  • организирање и спроведување на обуки и активности за трансфер на знаење,
  • демонстрациски активности,
  • поддршка на МСП и јавни институции во тестирање и примена на напредни технологии (вклучително и вештачка интелигенција, сајбер безбедност, суперкомпјутери и др.).

Минимално 15% од кофинансирањето треба да се наменат за спроведување на бесплатни напредни ИКТ обуки за заинтересирани вработени во јавниот сектор, со можност за учество и на претставници од МСП. За овој елемент, Министерството ќе спроведе јавен повик, по претходен договор со Европскиот дигитален иновациски хаб.

Потребна документација за пријава

  • Детален опис на активностите и улогата на ЕДИХ во рамките на Програмата „Дигитална Европа“;
  • Буџет и финансиски план;
  • Копија од договорот за грант со Европската комисија;
  • Доказ за правниот статус на координаторот и партнерите;
  • План за кофинансирање и намената на средствата.

Рок и начин на поднесување

Крајниот рок за поднесување на пријавите е: 01.07.2025 до 16:00 часот, исклучиво по електронски пат на следната адреса: digital.europe@mdt.gov.mk

Критериуми за избор

  • Целосност и уредност на доставената документација,
  • Усогласеност со целите на Програмата „Дигитална Европа“ и националната стратегија за дигитална трансформација,
  • Капацитет на конзорциумот за имплементација на активностите,
  • Очекувано влијание и одржливост на резултатите.

Контакт за дополнителни информации

За сите дополнителни прашања, заинтересираните страни може да се обратат на:
Име и презиме: Љупка Трнинкова
Телефон: +389 78 371 864
Е-пошта: ljupka.trninkova@mdt.gov.mk

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Креиравме вин-вин ситуација, да го исполниме чекорот во енергетика од...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во однос на исполнување на реформската агенда истакна дека тоа што е...