HomeМинистерстваМЗ: Здравствените капацитети целосно подготвени за навремен и соодветен одговор на евентуални...

МЗ: Здравствените капацитети целосно подготвени за навремен и соодветен одговор на евентуални последици

spot_img
spot_img

Во контекст на актуелните пожари што се во тек, Министерството за здравство информира дека здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици.

Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за постапување.

Се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните, со единствена цел, заштита на здравјето и безбедноста на населението.

Извор: Министерство за здравство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте