HomeМинистерстваМеџити и Сејдиу потпишаа договор за уредување на речно корито во Желино

Меџити и Сејдиу потпишаа договор за уредување на речно корито во Желино

spot_img
spot_img

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиуc вчера потпишаа договор за реализација на инфраструктурен проект од особено значење за локалното население.
Станува збор за уредување на речното корито во село Копачиндол, инвестиција во вредност од 6.062.922 денари, со која се очекува значително да се подобри безбедноста на теренот и да се намалат ризиците од сезонски поплави и ерозии.
Овој зафат, освен што ќе овозможи нормално одведување на атмосферските води, претставува и заштита на земјоделското земјиште, домови и патна инфраструктура во непосредна близина на водотекот.
“Овој проект е директен одговор на проблемот што луѓето го имаат со години при секој поголем дожд. Жителите на Копачиндол долго време чекаа на ова и затоа оваа инвестиција ја гледам како директна поддршка за нивната безбедност, но и како знак дека министерството се грижи и за малите места – со исто внимание како и за големите градови” – потенцираше Меџити.


Со овој проект, Желино се приклучува на мапата на општини кои активно го менуваат својот еколошки и инфраструктурен амбиент – во чекор со современите стандарди и потребите на луѓето.
Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата за капитални дотации за 2025 година распределува околу 2,5 милијарди денари во 51 општина, со цел да се унапреди квалитетот на живот и да се создаде здрава и функционална средина за сите граѓани – без разлика дали живеат во урбани центри или рурални заедници.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте