HomeМинистерстваМОН: Училиштето во село Огњанци во општина Петровец добива нова спортска сала

МОН: Училиштето во село Огњанци во општина Петровец добива нова спортска сала

Во рамки на подрачното основно училиште „Кочо Рацин“ во село Огњанци во општина Петровец се гради спортска сала која треба да биде завршена до почетокот на новата учебна година. Објектот ќе обезбеди модерни услови за часовите по физичка култура, а за спортување и рекреација ќе може да го користи и локалната заедница.

Вчера увид во градежните работи извршија премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот Борче Митевски. Изразија задоволство од текот на реализацијата и посочија дека вложувањата во образовната инфраструктура остануваат приоритет, имајќи предвид дека тоа е еден од клучните услови за квалитет на воспитно – образовниот процес.

Во училишната спортска сала општината вложува 19 милиони денари, а половина од износот е обезбеден преку заштеда на средства кои Министерството за образование и наука ги исплаќа на локалните самоуправи.

Извор: Министерство за образование и наука

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...