HomeВладаМицкоски: Во втората половина на август започнува изградбата на колекторскиот систем во...

Мицкоски: Во втората половина на август започнува изградбата на колекторскиот систем во Трпејца

spot_img
spot_img

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се гради колекторскиот систем во Трпејца во Општина Охрид, рече дека во втората половина на август започнува фирмата изведувач со работа, а целиот процес ќе се одвива во две фази.Да ќе се гради. Тој е поделен во две фази колку што јас располагам со информации. Првата фаза е пречистителната станица и двата дела од цевководи, потисниот и одводниот. Па потоа имаме премумпна станица и останатиот дел од овие два цевковода во втората фаза. Така што тоа што беше дадено ветување за трпејчани ќе биде реализирано, во втората половина на август, веќе се воведува фирмата изведувач во работа, истакна премиерот Мицкоски.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте