HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Одржана TAIEX Работилница за употреба на одобрени и неодобрени активни супстанции...

АХВ: Одржана TAIEX Работилница за употреба на одобрени и неодобрени активни супстанции како ветеринарни препарати

Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 3 до 4 јули 2025 година во Скопје се одржа Работилница за употреба на одобрени и неодобрени активни супстанции како ветеринарни препарати.

Целта на работилницата е да им овозможи на учесниците да стекнат знаење и алатки за зајакнување на нивниот институционален капацитет за ефикасно спроведување на законодавството на ЕУ, поврзано со официјалните контроли за употреба на фармаколошки активни супстанции одобрени како ветеринарно-медицински препарати или како адитиви за храна за животни.

Исто така, тие ќе ги применат истите принципи и анализи за забранети или неодобрени фармаколошки активни супстанции и нивни резидуи, резидуи од пестициди и контаминенти кај живи животни и производи од животинско потекло.

Главни теми кои се обработуваа во текот на експертската мисија беа: Разгледување и разјаснување на самата ЕУ легислатива, контрола и практични случаи, поврзано со резидуи од ветеринарно медицински препарати;

ЕУ легислатива поврзана со резидуи од пестициди во храната- Регулатива 396/2005ЕУ легислатива поврзана со контаминенти, резидуи од ветеринарно медицински препарати

Мониторинг и контролен план за контаминенти во храна

Регулатива во однос на официјални контроли и нејзина примена во однос на резидуи од ветеринарно медицински препарати, резидуи од пестициди и контаминенти

Улогата на различни надлежни органи/институции во делот на проценка на ризик

Значењето на анализа на ризик во областа на контрола на контаминенти во храна и храна за животни.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте