HomeМинистерстваМЗ: Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар се на работа -...

МЗ: Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар се на работа – се бара решение преку преговори со приватната компанија

Во рамки на посетата на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот Алиу информираше дека вработените во пералната на Клинички центар од денеска се на работното место.

–      Денеска наутро имав средба со вработените во пералната. Тие веќе работат таму, се договоривме и ги информирав дека е во тек процесот со кој пред 10 дена Владата ме задолжи и како Министерство и како министер да почнам преговори со приватната компанија со која што имаме јавно приватно партнерство за да најдеме решение. Знаете дека тоа партнерство датира од 2019 година и досега немаме никаков резултат и сега треба да видиме дали е пречката во административните процеси, дали од наша страна или од страна на приватниот партнер. Како и да е, колегите веќе од денеска се на работа и ќе го чекаме исходот кој се надевам ќе биде брз, изјави министерот.

Извор: Министерство за Здравство

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...