Home@дминистрацијаМДТ: Андоновски - Ја започнуваме кампањата за промоција на Националниот портал -...

МДТ: Андоновски – Ја започнуваме кампањата за промоција на Националниот портал – uslugi.gov.mk

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски беше присутен во Охрид, каде што го означи почетокот на кампањата за промоција на Националниот портал – uslugi.gov.mk.

„Денеска со големо задоволство можам да кажам дека ја отпочнуваме кампањата за промоција на порталот uslugi.gov.mk. Почнуваме од Охрид, а планирани се едукативни дружења низ цела Македонија, за да го промовираме порталот кој што нуди вкупно 300 електронски услуги за граѓаните“, изјави Андоновски.

Министерот додаде дека овие теренски активности им нудат можност на граѓаните со помош на вработените во Министерството за дигитална трансформација да креираат кориснички профил или да го подигнат нивото на Системот за единствена најава (СЕН).

„Во извештајот на ДЗР за 2024 година една од забелешките беше дека е потребна зголемена промоција на порталот, од таму произлегува и оваа едукативна кампања за Националниот портал uslugi.gov.mk. Со добра организација успеавме за една година да го зголемиме бројот на корисници на порталот за нови 70 илјади корисници и повеќе од 9 илјади трансакции месечно.“ заврши Министерот.

Андоновски додаде дека секоја искористена услуга на порталот претставува скратено време за граѓаните и зголемена ефикасност на институциите.

  Изјава на министерот: https://www.facebook.com/reel/1496035948250023

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...