HomeМинистерстваМЗШВ: Забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува

МЗШВ: Забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година и ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор.

Министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор. Граѓаните треба да бидат особено внимателни бидејќи, поради високите температури ризикот од појава на пожари на отворен простор сè уште е голем.

Од суштинско значење е јавноста да ги разбере опасностите, како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесе кон заштита и зачувување на шумите, односно животната средина, имотите и заедниците во целина.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противреднос

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...