HomeМинистерстваМСПДМ: Лимани - Наша заедничка заложба е општество во кое здравјето и...

МСПДМ: Лимани – Наша заедничка заложба е општество во кое здравјето и социјалната заштита одат „рака под рака“

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани присуствуваше на промоцијата на  Стратегијата за соработка на Светската здравствена организација (СЗО) со Република Северна Македонија, која има  петгодишна рамка (2026–2030) и претставува дефинирање на  партнерската соработка на СЗО со Владата на Република Северна Македонија.

strategija _MZ_SZO_1_03.09.25

Стратегијата е дизајнирана за директно да ги поддржи националните здравствени цели, обврските за пристапување кон ЕУ и Глобалните цели за одржлив развој на Обединетите нации. Нејзината главна мисија е трансформација на здравствениот систем во одржлив, правичен и високоефикасен систем, со што повторно ќе се воспостави довербата на јавноста и ќе се подобрат здравствените резултати за сите граѓани.

strategija _2_MZ_SZO_1_03.09.25

Министерството за социјална политика, демографија и млади е едно од клучните министерства вклучено во креирањето и имплементацијата на Стратегијата, особено во делот на поддршка на младите и ранливите групи.

„Денес зборуваме за наша заедничка заложба, да изградиме општество во кое здравјето и социјалната заштита одат рака под рака. Нашите политики се насочени кон борба против сиромаштијата и социјалната исклученост, со јасна цел – никој не смее да биде изоставен,“ истакна Лимани.

strategija _MZ_SZO_3_03.09.25

Тој потенцираше четири точки на делување со кои се опфаќаат: жртвите на насилство, на кои им е неопходна системска, професионална и достоинствена поддршка, постарите и лицата со попреченост и заложбите за развој на стандарди за интегрирана здравствено-социјална грижа, демографска политика фокусирана на семејствата и младите и унапредување на менталното здравје кое е приоритет во Стратегијата за млади.  

„Ние водиме политики за луѓето, за мајката што се грижи сама за децата, за пензионерот во рурално село, за млад човек што се бори со анксиозност, за жената која се ослободила од насилство“, порача Лимани.

Тој заклучи дека покрај тоа што стратегијата ги отсликува националните приоритети, на овој начин се создава Меѓународен сојуз за правда, здравје и еднаквост.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...