HomeМинистерстваМДТ: Национална вежба за сајбер-отпорност

МДТ: Национална вежба за сајбер-отпорност

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ја отвори Националната вежба за сајбер-отпорност, организирана од Министерството за дигитална трансформација и Амбасадата на САД, со поддршка на експертите од MITRE.

,,Нашата цел е јасна – од политичка посветеност да преминеме кон практична, тестирана и мерлива отпорност на државата во сајбер-просторот. Тоа значи дека безбедноста на мрежите и информациските системи не е само технологија – таа е комбинација од луѓе, процеси, доверба и координација“, рече Андоновски.

Министерот истакна дека, со Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 и усогласувањето со NIS 2 Директивата, поставивме цврсти темели за управување со ризици, јавно-приватна соработка и побрз одговор на инциденти.

,,Денешната вежба е чекор напред – тестирање на нашите капацитети преку реални сценарија и подготовка за воспоставување на владин CSIRT тим. Благодарност до сите институции, партнери и учесници. Заедно градиме технолошки безбедна, институционално координирана и општествено отпорна Македонија, во тесна соработка со клучните НАТО партнери“, заврши Андоновски.

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...