HomeМинистерстваМЗШВ: Хоџа - Полошкиот регион има исклучителен потенцијал за квалитетни производи и...

МЗШВ: Хоџа – Полошкиот регион има исклучителен потенцијал за квалитетни производи и локален развој

spot_img
spot_img

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со директорот на Управата за семе и саден материјал, Али Алили, учествуваше на саемот организиран од Здружението „Ренесанса“ во Тетово, со поддршка од CNVP и PONT.

Овој саем е посветен на богатствата што ни ги дава природата, боровинките, планински чај, лековитите и ароматични растенија и медот. Овие производи не се само храна и здравје, туку претставуваат голема можност за развој на локалната економија, планинскиот туризам и за младите генерации кои сакаат да ја градат иднината во својата земја.

„Полошкиот регион и пошироко има исклучителен потенцијал за квалитетни производи кои можат да станат пример за успех за целата земја“, посочи заменик министерот Хоџа.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте