HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Миланов во Белград учесник на регионална конференција за приоритетни прекугранични болести...

АХВ: Миланов во Белград учесник на регионална конференција за приоритетни прекугранични болести кај животните

Делегација предводена од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство и главен офицер за ветеринарство, д-р Оливер Миланов, присуствува на Првата GF-TADs Регионална конференција на постојани групи на експерти за приоритетни прекугранични болести кај животните во Европскиот регион, која од 22 до 25 овој месец се одржува во Белград, Република Србија.

2

На конференцијата учествуваат делегати на Светската организација за здравје на животните (WOAH), главни офицери за ветеринарство (CVO) и службеници за здравје на животните од 53 членки на WOAH во Eвропскиот регион, претставници од Европската комисија (DG SANTE, EFSA, ECDC), ФАО и WOAH, експерти, истражувачи и креатори на политики од секторот за ветеринарно јавно здравство и заинтересирани страни од регионални сојузи и меѓународни организации (EuFMD, WHO, REMESA, IAEA)

3

Заедничкиот формат ќе им овозможи на учесниците да ги максимизираат синергиите, да го разгледаат напредокот и да усвојат хармонизирани стратегии за контрола на приоритетните прекугранични болести кај животните низ цела Европа. На конференцијата се очекува да бидат споделени стратегии и препораки за болестите африканска чума кај свињите, чвореста кожа, високопатогена авијарна инфлуенца, беснило, шап и лигавка и чума кај мали преживари, со цел зајакнување на регионалната соработка и партнерствата, зголемување  на подготвеноста и капацитетот на ветеринарните служби и поддршка на силна реафирмација на лидерството на Европа во глобалната борба против прекуграничните болести кај животните.

Извор: Агенција за Храна и Ветеринарство

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...