HomeМинистерстваМС: Унапредувањето на спортската инфраструктура приоритет - Ќе се реконструира фудбалско...

МС: Унапредувањето на спортската инфраструктура приоритет – Ќе се реконструира фудбалско игралиште во Куманово

spot_img
spot_img

Министерот за спорт Борко Ристовски и заменичката на министерот, Сафије Садики Шаини извршија увид на фудбалското игралиште што се наоѓа во склоп на стадионот на ФК Башкими во Куманово, на кое во наредниот период ќе започне комплетна реконструкција.

Реконструкцијата на ова игралиште е дел од програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. Со реализацијата на овој проект ќе се обезбедат современи услови за тренинг, натпревари и рекреација на сите спортисти и жители на Куманово.

-Ова игралиште има особено значење за локалната заедница, бидејќи секојдневно го користат многу млади за спортски активности. Со новата реконструкција, ќе обезбедиме подобри услови и безбедна спортска средина за сите кои го користат овој простор – изјави министерот Ристовски.

Министерството за спорт преку реализација на овие проекти останува посветено на унапредување на спортската инфраструктура во сите региони на државата, со цел создавање современи услови за спорт и физичка активност на граѓаните, особено на младата популација и на заложбата спортот да биде достапен за сите, во секој град и во секоја општина.

Извор: Министерство за Спорт

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте