HomeВладаПремиерот Мицкоски оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер...

Премиерот Мицкоски оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во просториите на Владата, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината балканска турнеја.

На средбата се разговараше за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација

Премиерот Мицкоски ја истакна решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди. Тој посочи дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности.

Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата.

Извор: Влада

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

МС: Ристовски – За две години реализирани и започнати 60 спортски...

0
Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска, на прес-конференција во Владата, даде отчет за сработеното во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт,...