HomeМинистерстваМТ: Николоски - Преку 9 милиони евра подршка од Владата за Гостивар...

МТ: Николоски – Преку 9 милиони евра подршка од Владата за Гостивар за реконструкција и изградба за улици

Од Владата имаме директна подршка за општина Гостивар од некаде 540 милиони денари или над 9 милиони евра за улици во општината во рамки на двата повици, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Гостивар.

Тој заедно со министерот за здравство Азир Алиу извршија увид во инфраструктурни проекти што се реализираат со подршка на Владата. 

“Драго ми е што проектот за подршка на локaлната самоуправа се одвива одлично и драго ми е што можам да кажам дека имаме сериозна подршка за општина Гостивар.  Имено во првиот повик кој се реализираше минатaта година, вкупната подршка е 160 милиони денари за транспорт, дел од таа подршка е и оваа улица Мара Угринова која дел е завршена, дел се работи. Исто така во вториот повик имаме 39 улици или подршка од 380 милиони денари или заедно имаме подршка од некаде 540 милиони денари или над 9 милиони евра,  директна подршка за општина Гостивар. Дополнително сакам да најавам дека по завршување на локaлните избори и извесната победа на кандидатот од ВЛЕН- нашиот коалиционен партнер, за општина Гостивар ќе има специјална програма која ќе оди преку Министерството за транспорт за реализација на проекти кои се подготвени веднаш да ги реализираме”-изјави вицепремиерот Николоски.

Извор: Министерство за Транспорт

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...