HomeОпштиниКарпош: Масовна акција за чистење во населбата Бардовци

Карпош: Масовна акција за чистење во населбата Бардовци

spot_img
spot_img

Екипите од општина Карпош задолжени за одржување на јавната хигиена, во текот на вчерашниот ден реализираа тековни активности за расчистување на околината на повеќе локации низ Карпош. Имено, фокусот беше насочен кон населбата Бардовци, каде општинските екипи го собираа комуналниот отпад, органскиот смет (гранки лисја и сл.) а на неколку места интервенираа на подигнување на паднати дрвја. 

Во текот на целиот ден, службите од Карпош го чистеа теренот отстранувајќи ги паднатите дрвја во населбите Бардовци, Жданец и УЗ „Владо Тасевски“ (кај Млечен). Со истата динамика екипите од Карпош ќе продолжат да го чистат теренот, со цел подигнување на нивото на хигиена и одржување на здравата животна средина.

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте