HomeОпштиниСтрумица: Градоначалникот Јанков е избран за претседател на Советот за развој...

Струмица: Градоначалникот Јанков е избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

Градоначалникот Петар Јанков, е избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион. Изборот беше извршен на денешната седница на Советот на која присуствуваа останатите градоначалници од регионот, директорот и претставници на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Градоначалникот Петар Јанков преземајќи ја функцијата Претседател на Советот, се заблагодари за довербата и најави дека во периодот кој следува сите заедно ќе работат на регионални проекти за подобар и поквалитетен живот и во руралните средини и во градските средини во Југоисточниот плански регион.

Извор: Општина Струмица

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...