Општина Карпош деновиве спроведува генерална акција за чистење, уредување и ревитализација на плоштадот „Делфина“ во населбата Влае.
Во рамките на активноста се врши:
- Косење на тревата и уредување на зелените површини
- Кастрење на дрвјата и нискостеблестите растенија
- Целосно чистење на фонтаната
- Миење и дезинфекција на клупите
- Комплетно чистење на плоштадот.
Со оваа акција, плоштадот „Делфина“ добива поуреден, почист и побезбеден изглед за сите граѓани кои го користат за одмор, рекреација и дружење.
Општина Карпош и во наредниот период продолжува со интензивни активности за одржување на јавната хигиена, зеленилото и урбаната опрема на јавните површини, детските игралишта и останатите плоштадите низ цела општина.
Апелираме до сите граѓани да ја одржуваат хигиената и совесно и одговорно да ја користат урбаната опрема, со цел заеднички да ги зачуваме јавните простори чисти, уредени и функционални за сите генерации.
Извор: Општина Карпош























