HomeОпштиниГази Баба: Cредба со Неговото Блаженство, Дедо Стефан

Гази Баба: Cредба со Неговото Блаженство, Дедо Стефан

spot_img
spot_img

Градоначалникот Бобан Стефковски оствари средба со Неговото Блаженство, Дедо Стефан и му додели плакета во знак на искрена благодарност за неговата постојана поддршка, разбирање и грижа за нашата општина.

Во рамки на средбата, остварија плодна и отворена дискусија за состојбата на храмовите во Општина Гази Баба, нивното одржување и унапредување, како и за постапките и можностите за изградба на нови храмови, кои се од големо духовно и општествено значење за локалното население.

Разговорот беше исполнет со корисни совети, насоки и размислувања, кои ќе бидат значајни при носењето идни одлуки и реализирањето на идните проекти.

Благодарност за секој совет, збор на поддршка и укажана доверба, кои претставуваат цврст поттик за успешно работење за доброто на општината.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте